Ми се случуваше да возам 30 минута, а со гужва во сообраќај и повеќе само да стигнам до IKEA за да ја купам оваа торта од бадем. Замрзната ја продаваат, таман додека се вратам да ми се одмрзне. Многу вкусна, но мала и скапа. А да не го рачунам возењето…
Ќе ја направам. За се сум таква. Кога ќе наумам јас нешто нема сила да ме запре. Го најдов рецептот, купив се и ја направив за помалку од 30 минути. Препорака моја е да ја направите од вечер да може убаво да се излади и стегне филот, а корите убаво да упијат. А и малку да постои, да ми се види трудот, вака ќе ја снема за пократко време од што ми требаше да ја направам.
















