Унгарците многу јадат кнедли. Ги има и готови замрзнати да се купат. Полнети се со се и сешто, на пример со сливи, вишни, чоколадо…
Кнедли со сливи е многу карактеристично јадење, потеклото им е австроунгарско , а во српскиот, унгарски или румунски Банат се нарекуваат Гомбоц. Постои и Чешка верзија, ама тие кнедли се поинакви, по богати, една кнедла, оброк. Името гомбоц во буквален превод е топче. Постои приказна за австрискиот цар Фердинант прв кој ќе остане запамтен во историјата по прочуената изрека: “Јас сум цар, сакам кнедли!” Не го интересирало кое време е во годината, дали е сезона на сливи или кајсии, го водела помислата дека е цар и мораат да му створат кнедли…иначе ги отпуштал куварите.

















