Ресторанот “Гундел” со своето минато и извонредна кујна се спомнува уште во 19 век во времето на австроунгарската монархија и сеуште важи за еден од најелитните ресторани во Европа. Ресторанот се наоѓа во Будимпешта, веднаш до Плоштадот на Хероите и Зоолошката градина. Сум била еднаш. Се сеќавам дека јадев палачинки. И како можам да ги заборавам. Не дека не сум пробала до тогаш палачинки ама во таков амбиент, сервирани во порцелан…Гундел палачинките се мој омилен десерт кој често го правам. Ајде заедно да патуваме низ времето и уживаме… Тањирот е посебна приказна… Herend рачно изработен порцелан. Си има и приказна. Подарок ми е од мојот омилен вујко Мишо за свадба. Не знаев. Кога дојде во Будимпешта на мојата венчавка ме праша што е најкарактеристично да си купи спомен за дома ама јас да го одберам. Се одлучив за Херенд порцелан тањир за ситни колачи и вазна во дизајн на Кралица Викторија. Датира од далечната 1826 година и сеуште до ден денес рачно се изработуваат дезените како Викторија, Ротшилд, Виенски рози, Кралската градина, Мирамаре…
Херендот беше за кај нас дома…❤

















