Churros

Додека го погодивме имево како правилно се изговара, јас ги викав Куроси, е не било така правилно, Чуроси се викале … Карина се врати од Малага. Прв пат сама на екскурзија со школо, па што би рекле ни мање ни више во Шпанија. Го преживеав и тоа, само нека се здрави и живи, а мајките за тоа сме, да ги мислиме, они само нека уживаат. Чуросиве ги јадела за доручек, а и ги имало на секој чекор. Се прават многу лесно,  ме потсетуваат на нашите Тулумби, тестото исто, на изглед може да се каже дека се слични, разликата е наместо во шербет се валкаат во шеќер со цимет. Многу се лесни за правење само шприцот треба исто да се погоди, не многу тенки, а ни дебели. 100 пати ја прашав вакви јадевте или вакви, а што е и важен изгледот кога уште топли, крцкави ќе ги мацнам во растопено чоколадо, ммммм убавина …

Churros

Состојки:

  • 250мл. вода
  • 100гр. путер
  • 1 лажица шеќер
  • Малку сол
  • 140гр. брашно
  • 3 јајца
  • Кафеав шеќер
  • Цимет
  • Растопено чоколадо

Подготовка:

Во 250 мл. вода се растопува путерот, шеќерот со малку сол. Се намалува температурата и се додава 140 гр. брашно. Се меша со дрвена лажица и кога смесата  ќе биде  малку подизладена се додаваат 3 јајца, едно по едно мешајќи со лажица. Може тестото да се мати и со миксер со маталките за тесто и да се додадат јајцата. Тестото се става во шприц за тулумби и чуросите  се пржат во загреано масло на умерена температура. Уште топли се валкаат во цимет и кафеав шеќер, а по желба  можат и  да се послужат со растопено темно чоколадо.

Ви се допадна ли рецептот?

Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.

Слични Рецепти

Pin It on Pinterest

Share This