Го правам колачов за 10 минути. Буквално. Мартин го обожува. А и здрав е. Урдата е полна со калциум. Здрава е и за јетра. Маџариве многу ја употребуваат во рецептите. Повеќе во десерти. Имаат и едно десертче што им е носталгија. Сите го сакаат, големи и мали. Внатре урда прелиена со чоколадо. Го викаат Tűrőrudi.
Бев на пат. Дома во Скопје. Само што дојдов не се ни распакував.Право во кујна. Така си ги научила ми вика мајка ми…Не ми е тешко, барем знаат што е убаво…❤















