Чупава Лења пита

Не би се сложила дека Чупава Ката или Лења пита се едно исто. Првата се прави со ореви и фил од мармалад, а Лења пита со ронливо тесто или како што го нарекуваат сипкаво. Kако и да е вкусот на печени јаболка со цимет и ванила, прелиени со крцкаво тесто секогаш ме расположува. Овој рецепт го прочитав некаде и го запамтив. Ме привлече името “Чупава Лења пита” Знаев дека ќе ми стане омилен … ❤

Чупава Лења пита

Состојки:

  • 250 гр. свинска маст или путер
  • 2 јајца
  • 100 гр. шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 500 гр. просеано брашно
  • 1 прашак за печење
  • кора од 1 лимон
  • 5 лажици млеко
Фил
  • 1.500 гр.јаболка
  • 2 лажички цимет
  • 3 лажици гриз
  • 1 ванилин шеќер
  • шеќер во прав

Подготовка:

Се мати маста или путерот пенасто со шеќерот, се додаваат јајцата и брашното и убаво се меси да се добие сипкаво тесто. Ако тестото е многу меко се додава брашно. Тестото се дели на 2 половини, едната се става во обичен фрижидер, а другата половина тесто во фрижидер за замрзнување убаво да се стегне. За филот се лупат јаболката и се рендаат, се динстаат на рингла да испари течноста и се додава циметот и гризот со постојано мешање( шеќер се става по желба, а и не мора) Филот се лади. Се расукува едната половина од тестото во тава за печење 30Х30 см и се постила на хартија за печење. Врз тестото се става подизладениот фил од јаболки и втората половина од тестото се ренда врз филот. Колачот се пече во загреана рерна на 180 степени 20 мин. Подизладениот колач се посипува со шеќер во прав.

Ви се допадна ли рецептот?

Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.

Слични Рецепти

Pin It on Pinterest

Share This