Рецептот ми е од мајка ми. Ми се јавува на телефон, јас се возам во метро и ми вика: земи пенкало и пишувај, многу убав рецепт сега гледав на телевизија, на децата сигурна сум дека ќе им се допадне. Ама мамо во метро сум сега, под земја, како да го пишувам …
Ова редовно ми се случуваше. Кога беа помали децата многу време поминував во кола, само да ги развозувам, од школо на англиски, на германски, на спорт … се случуваше и да немаат време за ручекот дома да го изедат па колата кујна ја претворив. Убедена бев ако не се хранат здраво нема да го издржат тој товар.
Колачов ни е еден од најомилените. Брзо се подготвува, најдобро е од вечер за да се излади убаво. Така се сече во коцки без проблем. Оригиналниот рецепт е со модри сливи, и така сум го направила ама со вишни ми е ВРВ. Обожувам десерти со вишни. Не се многу благи и комбинацијата на киселкаст вкус им дава посебен шмек …
















