Куглоф со мирис на новогодишни колачиња

Нема поубав мирис за мене од зачините кардамом, анисон, ѓумбир, цимет…Овој куглоф не само што е вкусен, туку ќе ја претвори вашата  трпеза во вистинска новогодишна приказна. Изобилува со богатство на вкусови и претставува вистинско уживање за љубителите на слатките нешта.

Куглоф со мирис на новогодишни колачиња

Состојки:

  • 175гр. омекнат путер
  • 100 гр. кафеав шеќер
  • ванилин шеќер
  • 3 јајца
  • 175гр. брашно
  • 2 мали лажичиња прашак за пециво
  • малку сол
  • 1 лажиче кардамон
  • 1 лажиче цимет
  • 1 лажиче анисон
  • 1 лажиче мелен ѓумбир
  • 1 лажиче мушкатно оревче

Подготовка:

Путерот се мати со шеќерот, се додава ванилиниот шеќер, јајцата, брашното измешано со прашакот за печење и на крај  зачините. Се пече во модла за Куглов предходно намачкана со путер и наросена со презла. Се пече на 180 степени 35-40 минути. Изладен колачот се прелива со 50гр.шеќер во прав, измешан со 2 лажичиња цимет и малку топла вода( треба да е густо).

Ви се допадна ли рецептот?

Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.

Слични Рецепти

Pin It on Pinterest

Share This