Погача ролат

Денес си направив Погача со сирење за своја душа…со јогурт во комбинација ми е ВРВ! Рецептот не е нешто комплициран, брзо се подготвува,поготово кога треба нешто да се вечера или за брзински доручек. Ако остане ќе си замрзнам, ама искрено се сомневам, не сум јас таа среќа да остане, па да се исуши, па да се фрли. Кај нас се се јаде до последна трошка…дали е до рецептот, сирењето или нешто друго е во прашање незнам…❤

Погача ролат

Состојки:

  • 100мл. млака вода
  • 120мл. млеко
  • 1 лажица шеќер
  • 20 гр. квасец
  • 400 гр. просеано брашно
  • 2 лажички сол
  • 40 мл. масло
  • 1 белка од јајце

 

Фил:
  • 250 гр. (сирење, урда, рикота) по желба
  • 1 јајце

Подготовка:

Најпрво се подготвува квасецот да стаса во млекото помешано со водата и шеќерот. Се додава брашното, солта,маслото и белката. Се меси убаво. Се остава тестото да стаса 1 час на топло.Се подготвува филот од 250 гр.(сирење, урда, рикота) по желба измешано со 1 јајце. Стасаното тесто се дели на 2 дела од кој се расукуваат 2 правоаголни кори, мачкаат со филот и виткаат во ролати. Ролатите како гасеница се печат во намастена округла модла за торта, се мачкаат со жолчка и посипуваат со сусам. Погачата се пече на 180 степени 35 минути.

Ви се допадна ли рецептот?

Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.

Слични Рецепти

Pin It on Pinterest

Share This