Милиброд

Често правам Милиброд , a и децата го сакаат. Лесно е за приготвување, само една мана има, потребно е време.Не се прави на брзина. Навечер го правам. Кога сите ќе си легнат и нема да ме прашуваат, уште колку, уште…

Одбрано ми е гајлето за појадок или вечера, па уште со домашен џем од кајсии, рибизли или мед и чаша млеко или кафе, а може и да се замрзне па да ви се најде кога ама баш ништо не ви текнува. Рецептот е на  мојот омилен унгарски  шеф Kárai Dávid.

Милиброд

Состојки:

  • 250мл. млако млеко
  •  25гр. свеж квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 500гр. просеано брашно
  • 1 лажиче сол
  •  50 гр. шеќер
  • 1 јајце
  • 100гр.омекнат путер
  • кора од рендан органски лимон

Подготовка:

Квасецот стасува во млакото млеко измешано со шеќерот.Се додава брашното,јајцето, омекнатиот путер  и се  заедно се меси убаво ( јас во миксерот што ми е десна рака) и се остава да стаса 1 час. Во модла долгнавеста 35см. на хартија за печење и намастена со путер  се става тестото кое предходно се плете во плетенка ( се дели на три дела, се сукаат долги ремени и се сплетуваат) Плетенката стасува уште половина час. Се мачка со жолчка и пече на 180 степени 35-45 минути.

Ви се допадна ли рецептот?

Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.

Слични Рецепти

Pin It on Pinterest

Share This