Отвори ФБ само рецепти новогодишни, отвори Инстаграм слики украсени, оди во продавница исто, колачиња, панатоне, столен, зачини со мирис ваков, онаков … кој од кој поубави. Само гледајќи и од мирисот да се најадеш. Се е тоа убаво ама за ништо не ја давам питава со јаболки. Ваква обична, старинска со мерки на шоља …
Едноставноста е најголемата софистицираност …
Пита со јаболка
Следи ме
Популарни рецепти
Пита со јаболка
Состојки:
Шоља од 200мл.
- 2 шољи брашно
- 2 шољи гриз
- 1/2 шоља шеќер
- Ванилин шеќер
- 1 прашак за печење
- 150 гр.путер
Фил
- 1,5 кг. Јаболки рендани
- Цимет
Подготовка:
Се мешаат сувите состојки и се делат на три дела. Во подмачкан плех со путер се посипува првиот дел, врз него се редат половина од ренданите јаболки со цимет, се посипува вториот дел, повторно се редат останатиот дел од јаболката и врз третиот сув дел се ренда путерот. Колачот се пече на 180С додека се зарумени.Подизладен се посипува со шеќер во прав.
Ви се допадна ли рецептот?
Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.
Следи ме
Популарни рецепти
Слични Рецепти
















