Натопени во фантастичен сос од путер, шеќер, портокал и ликер, овие деликатни палачинки се трансформираат во десерт кои е спектакуларен и оправдано го заслужуваат името на убавата глумица Suzette. Рецептот го измислува шеф Анри Шарпенти кој во Монте Карло во познатото “Café de Paris “ги послужил на принцот од Велс во фламбирана верзија.Одушевувајќи се од оригиналноста и убавината, принцот посакал да го посфети десертот на девојката која била со него, на преубавата Suzette …❤
Следи ме
Популарни рецепти
Crêpes Suzette
Состојки:
- 2 јајца
- 125гр. брашно
- 250мл. млеко
- 50гр. путер
- 30гр. шеќер
- прстофат сол
- 1 лажица ликер контроа (Cointreau)
- или Гран марние (Grand Marnier)
За сосот
- 3 лажици шеќер
- 70гр. путер
- 2 портокали
- 1 лимон
-
1 лажица контроа (Cointreau)или Гран марние (Grand Marnier)
Подготовка:
Се матат јајцата со солта и шеќерот, се додава брашното и млекото и со жица се мешаат додека не се добие фина смеса. Се остава во фрижидер да одстои половина час и се додава растопениот путер и ликерот. Се пржат палачинките на путер.
За сосот убаво се мијат портокалите и лимонот, се растопува шеќер и се додава ренданата кора од портокал и лимон да се упие нивната арома. Се додаваат коцките путер и се заедно се меша на умерен оган. Портокалите и лимонот се цедат и сокот се додава во растопениот путерот со шеќер и постојано се меша додека сосот благо не се згусне. На крај се додава ликерот. Палачинките се послужуваат во топол тањир прелиени со сосот и веднаш се служат.
Ви се допадна ли рецептот?
Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.
Следи ме
Популарни рецепти
Слични Рецепти















