На Мартин му се пријаде Бурек. Сега да сум дома во Скопје само ќе посакав и во првата пекара ќе му купев бурек каков сакам, со месо, сирење, зелка, праз, а има и пица бурек. Го јадеме за појадок. Има да се купи на секој чекор. Миризбата те мами рано наутро од пекарите кога сите брзаат за на работа.Го јадеме со јогурт. Е тука во Будимпешта нема! Не можам да ги купам вкусовите од дома и да сакам.Затоа ќе ги засукам ракавите, ќе испрочитам 100 рецепти, ќе се јавам на мајка ми за уште еднаш да ми потврди и ќе го направам. Морам да ви признаам дека секогаш го менувам рецептот. Не дека не е добар или се сомневам, ама јас точно знам каков вкус сакам. На пример сега го изменив рецептот за корите. Пишуваше 500гр., јас ги намалив на 300 гр.Сакам повеќе фил, а помалку тесто.Треба и искуство не велам не. Теорија е важна, ама без пракса ништо. Колкупати ми се случило да го утнам, а се правам како што треба. Но, никогаш не се откажувам. Пак истиот рецепт ќе го направам се додека не го усовршам.
Следи ме
Популарни рецепти
Бурек
Состојки:
- 300 гр.кори
- 500гр.свинско мелено месо
- 1 кромид
- Сол и црн пипер
- 200мл.вода
- 120мл.масло за јадење
- ½ лажиче сол
- Модла за печење бр.26
Подготовка:
Најпрво се е земаат 2 кори и се ставаат една преку друга со краевите надвор во округла тепсија предходно наместена со масло.Се прскаат со мешавината на вода и масло( пред секое прскање треба да се измеша течноста)корите поделете ги на 3 дела така што прво се ставаат 3 кори една преку друга стуткани и секоја се попрскува со мешавината од вода. На 3 кора се става фил од мелено месо предходно запржено со кромидот ситно исецкан и се додаваат сол и црн бибер.Се продолжува со редењето на останатите 3 кори( згужвани и попрскани со течноста. Повторно се става остатокот од меленото месо и се покрива со останатите кори во тепсијата додека сите не се потрошат. Оние краеви што висеа од првите 2 кори се префрлаат преку последната кора затворајќи го бурекот и се попрскуваат со течноста додека не се потроши.Се пече во загреана рерна на 180 степени додека убаво не се зарумени.
Ви се допадна ли рецептот?
Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.
Следи ме
Популарни рецепти
Слични Рецепти

















