Мимоза салата

Вкусна и многу брза салата идеална за предјадење. Ме потсетува како ја правевме за време на новогодишните празници.Јас не би можела да се одлучам дали сакам повеќе Руска, Француска или Редената како што ја нарекувавме.Кој пробал знае на што мислам. Носталгија на најако..❤

Мимоза салата

Состојки:

  • 1кг. варени компири
  • 4 варени јајца
  • 300гр. рендана салама
  • 300гр. рендано сирење
  • 6 рендани кисели краставички
  • 3 рендани моркови
  • Павлака
  • Мајонез

Подготовка:

Најпрво ги вариме компирите и ги рендаме. Истото го правиме и со останатите состојки. Во длабок стаклен, по можност прозирен сад најпрво ставаме од ренданите компири па премачкуваме со павлака. Потоа ставаме слој од ренданата салама и пак премачкуваме со павлака.Потоа ставаме слој рендани јајца, павлака, краставички, павлака, сирење, павлака и на крај морковите и премачкуваме со подебел слој павлака и мајонез. Украсете со рендани јајца!

Ви се допадна ли рецептот?

Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.

Слични Рецепти

Pin It on Pinterest

Share This