Денес ако нема крофни да се купат не знам што има. Со дупче во средина, со чоколаден прелив, со цимет, кокос, сецкани лешници…ама како овие што ги направив по рецепт на мајка ми Тања, ќе се лути сега, ќе ми рече што ме спомнуваш, не сум јас веќе мајстор, ти поубаво правиш од мене 😊За мене поим за крофна е шуплива внатре, кога ќе каснам да има дупка, да мириса на рендана кора од лимон, да не се многу масни и тестасти. Морам да ви признаам не се лесни за правење… ама вреди човек да се потруди. Децата ги викаат крофните на баба Тања…
И се јавувам на мајка ми и и викам поубави Крофни во живот не сум направила.. Маргарита тебе се ти успева, ти не се секираш како ќе ти излезат, тебе ти е важен уметничкиот момент. Има право…Се е до мотивацијата…❤

















