Сега кога се има време за се, човек може да види во што најмногу ужива…
Викаат готвењето го намалува стресот…
Уште малку да потрае карантинов може и за Michelin да конкурирам.
Овој рецепт ни е омилен дома. Редовно е на мени, скоро секој викенд.На пазар имам во секое време свежо месо од патки, гуски, мисирки. И тоа само од едно место купувам. Ме научија и тука.Си правам муабет. И јајца обавезно купувам од пазар.Толку се неспоредливи од тие по продавници. Обично одам во четврток или петок на пазар.И количка си купив на влечење.Патки носам и кога патувам во Скопје. Ми нарачуваат. Ги купувам ден пред поаѓање, вакумирани, батак со карабатак.Така ми е најлесно за транспорт. Незнам дали знаете и чварки има од патки и гуски.Според мене од гуската е по масна и месото е по тешко. Гуска спремам на Мартин ден.Обавезно. Имам гости на ручек за именденот на Мартин.Тоа е 11 Ноември. Постои верување дека кој не јаде гуска на тој ден ќе биде сиромашен цела година!

















