Медов колач за со кафе ми е омилен. Уште вкусот и мирисот на зачините да ви го доловам…. Додека се печеше мирисаше цела куќа. Медот може да биде по избор, багремов, ливадски, цветен…каков што имате. Зачините се посебна приказна. Комбинација за Оскар…🍯🐝🏆
Следи ме
Популарни рецепти
Медов колач
Состојки:
- 100 гр. солен омекнат путер на собна температура
- 60 гр. кафеав шеќер
- 100гр. мед
- 1 јајце
- 100мл. млеко
- ½ лажиче мелен ѓумбир
- 1 лажиче цимет
- ½ лажиче мушкатно оревче
- ½ лажиче кориандер
- ½ лажиче анасон
- 150гр. брашно
- 1 мало лажиче прашак за пециво
Глазура крем:
- 25 гр. солен путер
- 25 гр.мед
Подготовка:
Путерот се мати со шеќерот, се додава медот, јајцето и зачините. Се додава брашното и прашакот за пециво. Колачот се пече во модла 18-20 см.долга на 180 степени 45 минути.Се лади убаво и се премачкува со крем од 25 гр. солен путер измешан со 25гр.мед.
Ви се допадна ли рецептот?
Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.
Следи ме
Популарни рецепти
Слични Рецепти

















