Куртош колач

Не може да помине уличен фестивал, панаѓур( лето или зима) без Куртош колач или како што му е оригиналното име Kürtőskalács. Во зима се јаде топол со цимет и шеќер, а во лето со сладолед. И сите си чекаат во ред застанати, никој не се буни, а има и зошто…

Ми беше предизвик да го направам. А и се кладев со децата дека оригинал ќе биде.

Е каде да најдам сега 6 лименки пиво.Така пишува. И тоа празни да бидат. Треба да се обложат со алуминиумска фолија. Да бев во Скопје не ќе беше проблем, брат ми Мишко одма ќе ми обезбедеше лименки од Скопско пиво. На Мартин му текна, мамо ај да си купиме детско пиво и да го испиеме. Какво е тоа детско го прашувам, па мамо со  0% алхохол. Го решивме проблемот за модлите. Уште колачот да ни успее и сме завршиле работа си помислив…

Куртош колач

Состојки:

  • 220мл. млако млеко
  • 1 лажица шеќер
  • 20гр. свеж квасец
  • 500гр.брашно,
  • малку сол,
  • 1 јајце
  • 1 жолчка
  • 50гр. омекнат путер

Подготовка:

Квасецот стасува во млекото.Се додава брашното и останатите состојки и се замесува (јас во миксер) 10 минути.Тестото стасува на топло 1 час. Модлите се 6 лименки празни од пиво обложени  со фолија и премачкани  со путер.Тестото се дели на 6 дела.Секое топче се расукува и се обложува лименката. Малку се притиска. Се посипуваат со  кафеав шеќер. Постапката се повторува 6 пати. Се печат во загреана рерна на 220 степени 12-14 мин. Додека се топли се наросуваат со кафеав шеќер и многу цимет. Мене ми се вака омилени. Може и со кокос, мелени ореви…

Ви се допадна ли рецептот?

Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.

Слични Рецепти

Pin It on Pinterest

Share This