Гулаш супа

На секое мени го има Гулашот. Традиција е, историја, минато и сегашност. Нема сезона, се јаде и во зима и во лето. Се прави со различни видови на месо, сум пробала со дивеч, срна и исто е многу вкусно, но оригиналниот рецепт е со телешко месо.Морав да се потрудам да направам највкусна Гулаш супа, ама да биде онака пикантна, црвена, права маџарска. Ако не знаеш види на You Tube како се прави ми вика Мартин. Не ми е  лесно….🙂

Тип: За подготовка на Гулаш треба време. Во тоа е и убавината кога се шири миризбата низ цела  куќа, а сите гладни чекаат…

За десерт Унгарците јадат палачинки.

Гулаш супа

Состојки:

  • 750 гр.телешко месо
  • 500гр.кромид
  • 3 лажици доматено пире
  • 3 моркови
  • 1 зелена пиперка
  • Ловоров лист
  • Маст свинска
  • Црвена пипер
  • Унгарска пикантна паста
  • Сол
  • Бибер
  • Компири

Подготовка:

Месото се мие и се сече на коцки. Во загреан сад се растопува 2 лажици маст и додека е многу жешко се става месото.Се покрива со капак. По 5 минути се промешува со дрвена лажица  се намалува ринглата и на тивко месото се динста со повремено мешање и додавање вода отприлика 2 саати. Кога месето ќе омекне се додава зеленчукот исецкан на ситни коцки, се меша со црвената пипер, сол, бибер, доматеното пире и се додава лорбер. Се додава 1 литро вода и се вари додека не омекне зеленчукот на тивко со повремено мешање. При крајот се налева со уште ½ литро вода и се додаваат 3 компири излупени и исецкани на коцки. Се вари уште половина час!

Ви се допадна ли рецептот?

Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.

Слични Рецепти

Pin It on Pinterest

Share This