Италијанска Пармиџана

Се што е со модар патлиџан ми е омилено. Уште да е вегетаријанско, без месо, можам секој ден да го јадам. Како на пример ова јадење. И за мене не постои сезона. Во секое време и место го правам. Само свеж босилок ми треба. Толку. За другото се наоѓа…

Керамичкава тава ми е посебно драга. Ја купив во Скопје. Ја видов на излог во продавница и знаев веднаш  што ќе спремам во нејзе. Бев со авион. Во тој момент не размислував. Ја спакував во куфер помеѓу алиштата.Таква сум. Затоа со авион да одам во Скопје ми е многу покомотно, но поголем стрес ми е. Ќе дојдам со 1 куфер и обавезно им барам уште еден. Ме знаат. Секогаш докупувам куфер. А тек со кола кога одам цел пазар ќе го кренам. Како тука ништо да нема. Така е, ме фаќаат емоции кога си одам од една дома во друга. Навикната сум веќе…❤

Италијанска Пармиџана

Состојки:

  • 1 кг. модри патлиџани
  • 2 јајца
  • 200 гр. пезла
  • 1 литро сос  од домати
  • Лук
  • Сол и бибер
  • Маслиново масло
  • Свеж босилок
  • 300 гр. моцарела

Подготовка:

Модриот патлиџан се лупи и сече на кругови. Се посолува и остава да отсои 1 час да му излезе горчината. За тоа време се подготвува сосот од домати. Во зависност од сезоната се употребуваат свежи домати, се мијат, лупат и рендаат или може доматен сок во шише или конзерва. Се става да зоврие, се додава пасиран лук, маслиново масло, сол, бибер и насецкан свеж босилок. Се динста на тивок оган додека не испари водата и сосот се згусне. Модрите патлиџани се похуваат, прво во јајце се натопуваат па во презла и се пржат во загреано масло.Се положуваат на салвета да се упие маснотијата. Во керамички или стаклен сад се редат модрите патлиџани, се преливаат со доматениот сос, повторно ред патлиџани и се така додека не се потрошат состојките. Се завршува со парчиња моцарела. Во загреана рерна на 200 степени се потпекува половина час.

Ви се допадна ли рецептот?

Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.

Слични Рецепти

Pin It on Pinterest

Share This