Шненокли

Што ги поврзува пловечките острови и снежните јајца?

Floating islands или île flottante како што ги нарекуваат французите, или Madár tej како ги викаат во Унгарија, во Полска се нарекуваат Zupa nic, a во Германија Schneenockerl …

Се се тоа називи за истиот неодолив вкус на ванила крем и варени во млеко белки кои не потсетуваат на безгрижното детство и ги паметиме по симпатичното име Шненокли.

Нема средина. Ги сакаш или не. Или ти е омилен десерт и те потсетува на нешто толку вкусно и миризливо, кога ќе се сетам само подголтнувам. Па уште кога ќе ги прелијам со некое овошје, карамел  или тостирани бадеми … Во Унгарија го нарекуваат овој превкусен десерт птичје млеко. И знаете што уште дознав и ептен се изненадив, во болница кога одат на посета за новородено бебе и носат на мајката Шненокли за млеко повеќе да и надојде, нешто слично кога кај нас мајките пијат боза. Многу интересно во секој случај …

Шненокли

Состојки:

  • 4 јајца
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 800 мл. млеко
  • Ванила стапче или течна
  • 70гр. шеќер
  • 1 лажица густин

Подготовка:

Раздвојте ги белките од жолчките. Жолчките оставете ги настрана, а белките изматете ги со 2 лажици шеќер во прав во цврст снег. Сварете го млекото во поголем сад. Во зовриеното млеко со лажица спуштајте поголеми парчиња од снегот од белки. После половина минута свртете ги од другата страна и варете уште 30 секунди па вадете ги со помош на дупчеста лажица и ставете ги во сад во кој ќе ги послужите. Измешајте ги жолчките, шеќерот, стапчето од ванила или заменете го со течна ванила, додадете го густинот и малку млеко. Сварете се заедно во остатокот од млекото со постојано мешање со жица се додека кремот не се згусне како пудинг. Во врелиот крем ставете ги белките и послужете ги со карамел, рендано чоколадо, може со некое овошје по избор или тостирани бадеми.

Ви се допадна ли рецептот?

Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.

Слични Рецепти

Pin It on Pinterest

Share This