Што ги поврзува пловечките острови и снежните јајца?
Floating islands или île flottante како што ги нарекуваат французите, или Madár tej како ги викаат во Унгарија, во Полска се нарекуваат Zupa nic, a во Германија Schneenockerl …
Се се тоа називи за истиот неодолив вкус на ванила крем и варени во млеко белки кои не потсетуваат на безгрижното детство и ги паметиме по симпатичното име Шненокли.
Нема средина. Ги сакаш или не. Или ти е омилен десерт и те потсетува на нешто толку вкусно и миризливо, кога ќе се сетам само подголтнувам. Па уште кога ќе ги прелијам со некое овошје, карамел или тостирани бадеми … Во Унгарија го нарекуваат овој превкусен десерт птичје млеко. И знаете што уште дознав и ептен се изненадив, во болница кога одат на посета за новородено бебе и носат на мајката Шненокли за млеко повеќе да и надојде, нешто слично кога кај нас мајките пијат боза. Многу интересно во секој случај …

















