Pastel de Nata

Летот ќе трае 3 часа и 20 минути. Времето во Лисабон е сончево и 30 степени. Ве молиме врзете ги сугурносните појаси, се очекува полетување … маските се задолжителни додека трае летот. Посадата ви посакува пријатен лет …

Во Лисабон не пропуштајте да го пробате ова чудо. Традиционален португалски специјалитет или како што го нарекуваат Pastel de nata е запечено лиснато тесто полнето со крем од јајца и ванила.

Pastel de Nata

Ingredients:

  • 200 ml of water
  • 150 gr. sugar
  • стапче цимет
  • Lemon peel
  • Лиснато тесто
  • 2 eggs
  • 4 жолчки
  • ванилин шеќер
  • 500 ml. milk
  • 50 гр. густин
  • шеќер во прав

Preparation:

Водата со шеќерот се варат на тивко, се додава циметот и кората од лимон додека не се добие густ сируп (отприлика 15 минути). Се расукува лиснатото тесто на набрашнета површина во тенка кора и се витка ролат. Се сечат парчиња и секое се притиска и се расукува во круг. Во намастени со путер форми за мафини се ставаат тестата како корпички убаво облажувајќи ги страниците. Се подготвува кремот со рачно матење на јајцата и жолчките, се загрева млекото со ванилата и се додава топлото млеко и густинот и се враќа на рингла со постојано мешање додека не се згусне отприлика 3 минути. Се додава млакиот сируп (циметот и кората од лимон се вадат). Се полнат со крем тестата во дупките за мафини и се потпекуваат во загреана рерна на 200 степени додека не покафеават, отприлика 25 минути. Се ладат и наросуваат со шеќер во прав.

Did you like the recipe?

Follow my Instagram profile for more recipes.

Related Recipes

Crêpes Suzette

Crêpes Suzette

Натопени во фантастичен сос од путер, шеќер, портокал и ликер, овие деликатни палачинки се трансформираат во...

Пита со јаболка

Пита со јаболка

Отвори ФБ само рецепти новогодишни, отвори Инстаграм слики украсени, оди во продавница исто, колачиња,...

Полумесеци

Полумесеци

Полумесеците мора да се послужат во кристалниот тањир на мајка ми!Вкус на орев, путер и чоколадо.Омилени ми...

Pin It on Pinterest

Share This