Crêpes Suzette

Натопени во фантастичен сос од путер, шеќер, портокал и ликер, овие деликатни палачинки се трансформираат во десерт кои е спектакуларен и оправдано го заслужуваат името на убавата глумица Suzette. Рецептот го измислува шеф Анри Шарпенти кој во Монте Карло во познатото “Café de Paris “ги послужил на принцот од Велс во фламбирана верзија.Одушевувајќи се од оригиналноста и убавината, принцот посакал да го посфети десертот на девојката која била со него, на преубавата Suzette …❤

Crêpes Suzette

Ingredients:

  • 2 eggs
  • 125гр. брашно
  • 250мл. млеко
  • 50гр. путер
  • 30гр. шеќер
  • прстофат сол
  • 1 лажица ликер контроа (Cointreau)
  • или Гран марние (Grand Marnier)

За сосот

  • 3 tablespoons sugar
  • 70гр. путер
  • 2 портокали
  • 1 лимон
  • 1 лажица контроа (Cointreau)
    или Гран марние (Grand Marnier)

Preparation:

Се матат јајцата со солта и шеќерот, се додава брашното и млекото и со жица се мешаат додека не се добие фина смеса. Се остава во фрижидер да одстои половина час и се додава растопениот путер и ликерот. Се пржат палачинките на путер.
За сосот убаво се мијат портокалите и лимонот, се растопува шеќер и се додава ренданата кора од портокал и лимон да се упие нивната арома. Се додаваат коцките путер и се заедно се меша на умерен оган. Портокалите и лимонот се цедат и сокот се додава во растопениот путерот со шеќер и постојано се меша додека сосот благо не се згусне. На крај се додава ликерот. Палачинките се послужуваат во топол тањир прелиени со сосот и веднаш се служат.

Did you like the recipe?

Follow my Instagram profile for more recipes.

Related Recipes

Пита со јаболка

Пита со јаболка

Отвори ФБ само рецепти новогодишни, отвори Инстаграм слики украсени, оди во продавница исто, колачиња,...

Полумесеци

Полумесеци

Полумесеците мора да се послужат во кристалниот тањир на мајка ми!Вкус на орев, путер и чоколадо.Омилени ми...

Pastel de Nata

Pastel de Nata

Летот ќе трае 3 часа и 20 минути. Времето во Лисабон е сончево и 30 степени. Ве молиме врзете ги...

Pin It on Pinterest

Share This