Пилешки крилца

Пилешки крилца ми се омилени. Не дека се некоја храна ама можеби ме потсетуваат на едно убаво време, во Кригла кога се одеше, па со Honey mustard сос и онака со раце си мезиш, со муабет, со убави луѓе…Во Hard Rock ресторанот ги пробав и не се ни приближни до тој вкус.Решив сама да си направам. Испрочитав еден куп рецепти и успеав.Вкусот е љубов…  ❤

Пилешки крилца

Состојки:

  • 1 кг. пилешки крилца,
  • 1 лажица  Dijon сенф
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица мелен црвен пипер, може половина лут
  • 1 лажица винска киселина
  • 2 лукчиња истолчени
  • 2 лажици соја сос
  • сок од половина лимон
  • малку сол и бибер

Подготовка:

Крилцата се мијат убаво и се маринираат со горенаведените состојки  неколку часа пред печење. Се печат на хартија за печење  на 200 степени  30-40 минути.

Honey mustard сос : се мешаат  2 лажици Dijon сенф, 2 чажици соја сос, 1 лажица мед и 1 мало лажиче шеќер.

Ви се допадна ли рецептот?

Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.

Слични Рецепти

Pin It on Pinterest

Share This