Понекогаш и од тегла се прави уметност..
Имав гости на ручек. Идеата ми беше да направам мусака со мелено месо, класика, ред модри патлиџани, ред доматен сос, мелено месо..Сакав да изгледа малку несекојдневно, како во скап ресторан.
Некогаш по важно ми е како е сервирано отколку самото јадење.Поготово кога сум инспирирана и имам гости на ручек. Најнапред 2 дена го правам менито, што ке биде пред јадење, главно мени, десерт, како ќе изгледа масата.Зависи од јадењето одбирам во кој сервис ќе биде послужено, која боја, цвеќе обавезно мора да има. Во тоа уживам. А и гостите… Мусаката ја направив предходно во стаклен сад и додека беше сеуште топла ја сервирав во тегли. Многу декоративно изгледаше…

















