Колач со јаболка

Сезона на јаболка  е. Ги има во изобилие, разни врсти, разни рецепти, разни вкусови. Сите десерти со јаболка, ореви и цимет ги сакам..ама како овој рецепт со полнети и печени  јаболки  како туфахии, прелиени со  пандишпан и на тањир превртени па уште со шлаг…

Овој колач ме потсетува на детството. Рецептот е многу стар, мајка ми многу често го правеше. Имав преубаво детство. Во недела се знаеше семеен ручек со супа, главно јадење и десерт. Имав привилегија да израснам во семејство со љубов, традиција и  почит. И секој си го знаеше местото.Имав 2 баби и 1 дедо. Многу сум горда на нив, а сигурна сум и они на мене. Моите родители многу патуваа. Мајка ми работеше во авио компанија и скоро цел свет го прошетаа. Ја наследив љубовта за патување од семејството. Домот ни беше како музеј. Се носеа сувенири од секаде, слики, маски по ѕидовите.Пробувавме и разни кујни од целиот свет..

Колач со јаболка

Состојки:

  • 1 кг. јаболки
  • 150 гр. мелени ореви
  • 1 лажичка цимет
  • Пандишпан
  • 4 јајца, оделно белки и жолчки
  • 4 лажици шеќер
  • 2 ванили
  • 4 лажици масло
  • 4 лажици вода
  • 4 лажици брашно
  • 1 прашак за пециво

Подготовка:

Најпрво се лупат јаболката и се длабат во средината.Се полнат со мелени ореви помешани со цимет. Се редат во круг и во средината едно јаболко во модла за торта. Во загреана рерна на 180 степени  се печат околу  половина час додека не омекнат јаболката, но да се внимава да не се распаднат. Во меѓувреме се прави пандишпанот : 4 жолчки се матат со шеќерот, се додава ванилата, маслото, водата и на крај просеаното  брашно помешано со прашакот за печење. Оделно се матат белките со 1 лажица шеќер и потоа внимателно се додаваат кон смесата од жолчки. Се истура во тенџерето врз јаболките кои се малку подоладени и се продолжува со печење на 180 степени околу половина час. За проверка трикот со чепкалка. (се прободува тестото и доколку чепкалката е сува кога ќе се извади, тестото е печено) Кога е печено се остава да се излади и се превртува наопаку на чинија. Одозгора по желба се мачка со изматен шлаг или матени белки.

Ви се допадна ли рецептот?

Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.

Слични Рецепти

Pin It on Pinterest

Share This