Тирамису

Популарниот италијански колач тирамису има симболика во името, во превод значи „подигни ме нагоре“, односно расположи ме. Е баш му го погодиле името. Ме расположи уште со првиот залак..

Имам 30 минути време да направам нешто слатко, десерт, ај да го наречам, под услов  да не биде многу благ, да нема шеќер,да не се пече,  да не е тежок и уште нешто…😊

Ми текна.Одамна немам направено тирамису. Го правам почесто во лето кога додавам  и сезонско овошје, вишни, јагоди, рибизли..и така е многу вкусно.Го нарековме детско тирамису. Денес посакав класика. Прописно како што си е во Италија. Со убаво кафе еспресо.И рум ставив. Се како што треба. Ако сакаат нека не го јадат….

Тирамису

Состојки:

  • 500  грама пишкоти
  • 100 милилитри инстант-кафе
  • 8 лажици вода
  • малку рум

 

За крем:
  • 4 јајца 
  • 5 лажици шеќер
  • 500 грама маскарпоне
  • 1 лажичка екстрат ванила
  • Какао во прав

Подготовка:

Во тенџере на оган ставете кратко да провријат кафето и водата и додадете го румот. Потоа добиената течност тргнете ја од оган и ставете ја малку да се излади. Откако ќе ја добиете посакуваната температура, почнете да ги потопувате пишкотите една по една.

Во соодветен сад, наредете ги половина од потребното количество пишкоти, кои претходно сте ги потопиле во претходно добиената течност.

Потоа, почнете со подготовката на кремот. Најпрвин издвојте ги жолчките и белките, а потоа изматете ги белките во цврста пена. Во нив додајте го шеќерот и продолжете со матењето додека не се стопи шеќерот.

Жолчките, пак, изматете ги на пареа и заедно со маскарпонето, продолжите да матите додека се спојат. По ова во смесата со жолчките додајте ја и смесата со белките рачно  мешајки со силиконска лажица.

Дел од добиената смеса истурете ја врз претходно подготвените пишкоти. Потоа повторете ја постапката со остатокот од пишкотите. Остатокот од кремот истурете го одозгора. На крај наросете со убав слој какао.

Ви се допадна ли рецептот?

Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.

Слични Рецепти

Pin It on Pinterest

Share This