Некако имав уплав од француските рецепти. Можеби заради макаронсите кои се толки популарни во последно време. Уште не сум ги направила. Купив специјални модли, се имам ама ете со причина или случајно ги избегнувам. За се треба расположение. Секоја чест на макаронсите ама мене лично подзаборавените Маделеини ми се повкусни. Знеав дека ќе ги погодам од прва. Им пристапив со таква елеганција, префинетост како што и заслужуваат. Фина текстура со путер, мирис на ванила и лимон ќе ве освои и ќе заборавите на други колачи и во мислите ќе ви бидат Маделеинесите. За почеток ќе морате да купите ребраст калап за Маделеини. Го има во различни материјали и величини, а можеби најлесно е да користите силиконски модли. Можат да се ароматизираат на разни начини, а јас најмногу ги сакам со рендана кора од свеж лимон. Може и со кора од портокал, да се додаде суво грозје во тестото. Важно е да ги планирате однапред, тестото треба пред да се пече да отстои 1 час. Французите ги јадат топли со кафе или чај, може да се послужат со сладолед или растопено чоколадо.
Bon Appétit!

















