Ретко купуваме дома леб. Не јадеме, а искрено не сакам да фрлам. Понекогаш ќе купам некој селски, без адитиви, што потсетува на домашен.
Денеска ќе правам леб италијански Chiabatta што во слободен превод значи “папуча” по што и го добил името. Рецептот е фантастичен, не е потребно месење, сега додадов сецкани маслинки и навистина ви го препорачувам.Тестото е малку помеко од вообичаеното тесто за леб, ама тоа нека не ве плаши.Потребно е само малку повеќе брашно да се нароси на работната површина кога се обликува и многу нежно да се работи тестото.Јас искрено уживав.Ме асоцира како да работам со глина и некоја фигура обликувам.
…вкусно е ги прашувам, да како од продавница одговараат…не чекав ред да купам, вакво лебче со маслинки Chiabatta гарант немаат, а мене ми ги отргна мислите и ми го направи денот убав. Малку треба за среќа…❤
















