Варени гевреци… Ретро. Прв пат ги пробав во Охрид кај Чинарот. Македонија е позната по природните убавини. А, Охрид и Охридското езеро се едни од главните туристички места во Македонија. Според податоците, градот првпат се споменува 2400 години пред новата ера. Поради големиот број на цркви и манастири, градот е познат како Балкански и Европски Ерусалим. Моја препорака е да го посетите!
Сеуште се сеќавам на вкусот. Се чекаше ред. Кој стигне да купи негова среќа. Сега ги има секаде и секакви. Ама спомените не се бришат…❤

















