Рецептот ми е од многу одамна од една пријателка унгарка. Јудит се вика. Ми беше комшика во стариот стан. Многу работи научив од нејзе. Децата и како мали не јадеа моркови во супа. Кога пробаа кај нејзе морков торта, намерно не им кажа дека има моркови.Јас си ќутам нормално. Никој не ни примети. Веднаш го запишав рецептот и знаев дека треба навечер да ја правам кога ќе заспијат инаку не ќе можам да ги излажам. Не е само поради тоа, тортата е уште поубава наредниот ден кога убаво ќе го упие тестото сокот од портокал и кремот. Подоцна ме фатија, зошто е запишана како морков торта во рецептите ако нема моркови, толку беше од лажењето…😊
Следи ме
Популарни рецепти
Морков торта
Состојки:
- 3 јајца
- 130гр.кафеав шеќер
- 300гр.брашно
- 6 големи моркови сецкани во блендер
- 200гр.ореви сецкани
- 1 супена лажица цимет
- 1 кесичка прашак за печење
- ½ лажица сода бикарбона
- Сок од 2 портокали
Крем:
- 500гр.маскарпоне или некој неутрален крем сирење
- 50 гр.шеќер во прав
- Сок од портокал
Подготовка:
Јајцата се матат со шеќерот со убаво како за торта. Се додаваат брашното обавезно (просеано на цедилка или сито) морковите ситно исецкани и останатите состојки и во модла за торта бр.26 обложено дното со хартија за печење, а страниците намачкани со путер се пече тестото на 170 степени отприлика 30 мин. ( проверка со чепкалка) дали е испечено тестото. Се остава убаво да се излади. По желба тестото се сече на 2 дела, се прелива со сок од портокал и се премачкува со кремот и во средина. Се поклопува со вториот дел од тестото и се премачкува со кремот цела торта. Декорацијата е по желба.
Ви се допадна ли рецептот?
Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.
Следи ме
Популарни рецепти
Слични Рецепти

















