Домашен леб од кеса

Си разговараме со Карина. Знаете како мајка со ќерка, како јас со мајка ми, како мајка ми со баба ми…за се и сешто. Денес не знам како ми дојде на памет да ја прашам што знае сама да направи за јадење. Има 14 години, паметна е многу, зборува 5 јазици. Почна да реди што може сама… а леб знаеш ли да направиш ја прашувам. На почеток и се виде многу тешко ама ја убедив дека најдов рецепт што многу лесно се прави, и верувам дека може сама  да го направи.

Некако и се виде предизвик. Па да пробам вели…

Наша задача како родители е да ги мотивираме децата, да ги подржуваме во нивните желби и сонови и да веруваме во нив..

Успеа! За прв пат Карина направи домашен леб. Јас не и помогнав воопшто само најважното и го кажав: рецептот и вербата дека ќе успее..

Рецепт за леб во кеса, да да кеса и тоа онаа за во замрзнувач..😄Важно не се меси!

Овој рецепт ќе го патентирам. Толку е лесен, може да се употребат  разни видови брашно, по желба. Може да се додаде ленено семе, семки од тиква, сончоглед, чија…

Домашен леб од кеса

Состојки:

  • 360гр. брашно
  • 250 мл. млеко
  • 3 лажици сончогледово масло
  • 7 гр. сув квасец
  • 12,5 гр. шеќер
  • 6 гр. сол

Подготовка:

Се загрева 250 мл.млеко со 3 лажици масло сончогледово до зовривање. Се истура во кеса пластична, мојата беше од 3 литри. Се останато се меша во ќесата со течноста: 7 гр. сув квасец, 12,5 гр.шеќер, 6 гр.сол и се додава половина од количината брашно. Се затвара ќесата или врзува и се се меша заедно. Се дотура и остатокот од брашното.  Употребивме  пола интегрално, пола бело брашно.Се вкупно е потребно 360грама брашно. Се вади тестото од ќесата и на набрашнета подлога се замесува колку да се формира топка. Се остава 10 мин.тестото да одмори покриено со крпа. Се растегнува во правоаголник и витка во ролат. Се става во намастена и набрашнета модла и стасува 1 час. Лебот се пече на 190 степени  отприлика 25-30 минути.

Ви се допадна ли рецептот?

Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.

Слични Рецепти

Pin It on Pinterest

Share This