Ако немаш леб јади Фокача..( на италијански Focaccia)
И за оние што не знаат да месат имам рецепт. Само за оние што не сакаат, е тука веќе незнам…па уште медитеранска, со свеж рузмарин, маслинов, морска крупна сол и маслинки…ми замириса на море…
Многу ми фали другарка ми Лела. Одамна не сум ја видела. Скоро цела година. Живее во Милано. Денес се слушнавме по телефон. Си пиевме кафе. Си разговараме за се и сешто, па и рецепти си разменуваме. Ќе направам денес Focaccia и велам, а она ме прашува за рецепт како ја правам. Кога бев лани во Милано си купив кувар: Брзи и лесни рецепти. И навистина е така…❤

















