Крофни како јаболчиња..меки како душички со фил од јаболка и цимет печени во рерна…❤
Денес сум инспирирана од тесто уметност да направам. Така решив. Да не е секојдневно, здодевно. Кога веќе правам крофни нека бидат поинакви и на вкус, а и на око..
Го видов рецептот во списание за храна. Дома имам цела витрина со кувари, списанија, брошуру, на разни јазици…ненаситна сум по литература за готвење. Од секаде каде што патувам купувам кувар со национални јадења од земјата. Друго е чувството кога ќе си седнеш и си го разлистуваш куварот, си ставам ливчиња што ми е во план да направам, а поготово сакам со добри фотографии за храна. Уживам…Читам крофни од рерна. Ај да го пробам и ова чудо. Ги сакаме оние најкласичните со дупка внатре, си викам ај да пробам сега нешто поразлично. Баш успеав. Ептен ги погодив. И вкусни и за око многу убави. Излегоа прави јаболчиња…


















