Брзи американски Bagels. Децата ги обожаваат. Поготово Карина која ја обожава серијата “Friends “, ја гледа по 100 пати и само ми ги зборува геврециве. Ги филував по нејзина желбе со крем сир и лосос. Фантастични се.
Потеклото им е од Источна Европа и од страна на еврејските мигранти се донесени во Америка, поточно во New York. Пекарите биле затворени во недела, а само еврејските пекари работеле и таму можело да се купи традиционалниот еврејски леб во облик на плетенка како го нарекувале “Challes” и во меѓувреме и популарниот Bagel што асоцира на наш Геврек.

















