Загрејте ја рерната на 140 степени Целзиусови. Наполнете длабока тава за печење со зовриена вода која треба да дојде до ¾ од висината на садовите за крем бруле. Варете ја слатката павлака со стапчето ванила( предходно изгребете ја внатрешноста со нож и додајте ја и неа) додека не зоврие, а потоа тргнете го тенџерето од оган. Оставете го настрана 10 минути, додека кремот не се олади до степен да не е прежежок.
Се матат жолчките со шеќерот со рачна маталка додека шеќерот не се растопи. Процедете го топлиот крем низ цедалка , а потоа преливајте го преку јајцата нежно, постојано мешајќи со маталката. Распоредете ја смесата во огноотпорни калапи во тавата со вода. Печете 15 минути, а потоа засилете ја рерната на 160 степени уште 10 минути додека не се фати кора.
Оставете десертот да се излади и пред послужување посипете го со по 2 лажички шеќер секој. Ефектот бруле се постигнува со фламбирање со специјален пиштол на висока температура или едноставно се запекува на горниот греач во рерна на висока температура.