Жербо коцки

Денеc бев во слаткарницата Gerbeaud ( Жербо) . Одвреме навреме ја посетувам кога сакам да уживам и патувам низ времето. И  после толку време поминато во Будимпешта  јас сеуште уживам и сликам низ градот. Децата знаат да ме опоменат, мамо па ти не си туриста овде…знам ама не можам да одолеам на убавините. Слаткарницата Жербо се наоѓа во самиот центар на Будимпешта, постои од 1858 додина и сеуште важи за најубавото место за кафе и парче торта. Чиста елеганција. Плафоните се во стилот на  Luj XV , додека грандиозните лустери и лампи се во стилот на Марија Терезија. Жербо коцките ги јадам и на други места во Будимпешта ама како што е амбиентот во оваа слаткарница не се споредува никаде. Инспирирана од местото и традицијата решив да се пробам и сама да го направам овој преубав колач. Се е до инспирацијата…

Месени кори премачкани со џем од кајсии и фил од белки со ораси прелиени со чоколадо просто се топат во уста. Безвременска убавина. Традиција која трае… ❤

Жербо коцки

Состојки:

Тесто:
  • 300 гр. брашно
  • 3 јајца
  • 3 лажици шеќер
  • ½ прашак за пециво
  • 100гр.маст или путер

 

Фил:
  • 50 мл.млеко
  • 200 гр.мелени ореви

 

Глазура:
  • 200 гр.чоколадо
  • 6 лажици масло
  • џем со кајсии

Подготовка:

Брашното се замесува со  жолчките, се додава шеќерот, прашакот  за пециво, маста  или путерот, млекото и се дели на 3 дела. Од секој дел се расукува тенка кора( препорачувам да се користи хартија за печење и  да се расучат  корите да не се залепат. Фил: белките се матат со  шеќерот  и се додаваат мелените  ораси. Глазура: чоколадото  за готвење се растопува  на пареа со маслото.Постапка: Се постила првата кора, се мачка со џем од кајсии, се мачка половина од филот, се реди втората кора, се повторува постапката и се постила 3 кора која само се избоцкува со вилушка. Се пече на 180 С. Се прелива со чоколадна глазура. Пожелно е преку ноќ да отстои да омекнат корите. Се сече на коцки.

Ви се допадна ли рецептот?

Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.

Слични Рецепти

Pin It on Pinterest

Share This