Кога ваква штрудла со вишни кога ќе има готова да си купам, повеќе во кујна не влегувам…Многу фил, а малку тесто… ја сакам со јаболка и цимет, со тиква, ама со вишни ми е омилена. Не постои сезона за овој десерт. Летно време со свежо овошје, зимно со замрзнато. Ги правам во лет. Само кори да имам.Се навикнав и на овие маџарскиве. Малку се подебели, ама не се кинат и уредно се спакувани.
Денес сум така нешто расположена за брз, вкусен десерт, а и искрено немам многу време. Ама јас кога нешто ќе замислам…многу често ме прашуваат од каде добивам идеа што да направам.Многу читам кувари, списанија за готвење, пратам многу блогерки кој ме потсетуваат на мене. Не дека не ги сакам познатите кувари, ама тоа им е професија, а и веќе имаат цел тим кој ги подржуваат, од дизајн, светло, фотогравија..мене ми се предизвик блогерки кој готвењето им е страст, хоби, едноставно љубов.
















