Малиџано

Незнам дали има сезона за модри патлиџани. Секогаш ги има, во лето и зима. Многу ги сакам. И мусака со модри патлиџани, полнети со мелено месо, мајка ми и пита прави со нив. А и бојата ми е многу елегантна. За маникир кога ќе им кажам лак за нокти боја модар патлиџан. Во грчката и турската кујна многу се употребува. Ова е малку поинаква верзија на  Малиџано како што досега го правам со толчени модри патлиџани, сирење, павлака и мајонез.

Оваа крем салата ја јадам во Турски ресторан. Во секој ја има. Решив дома да ја направам и може веднаш да кажам дека ми е омилена.

Малиџано

Состојки:

  • 2 модри патлиџани
  • Павлака 12 % масленост
  • Маслиново масло
  • Лук
  • Магдонос

Подготовка:

Модриот патлиџан се сецка на коцки, се посолува и се остава да остои 1 час да му излезе горчината. Се запржува на маслиново масло и исецкан ситно лук и остава добро да се излади. Се промешува со павлаката и се наросува со магдонос.

Ви се допадна ли рецептот?

Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.

Слични Рецепти

Pin It on Pinterest

Share This