Таман за пред телевизор за мезе со добро филмче, со пиво или вино….
Кога прв пат правам по нов рецепт секогаш ја преполовувам дозата, да не ми е мака ако го згрешам.Се мислев како беше рецептот за интегралните крекери. Не можам да се сетам. Имаше рецепта со вино или со пиво се замесуваа. Во фрижидер имам лименка пиво, брашна имам, семки имам. Ќе пробам да ги направам.Совршени излегоа. Баш како што ги замислив.И многу излегуваат. Можат и да се замрзнат. Исеков парчиња сирење козјо, ги прелив со маслиново масло и во теглата ставив многу оригано. Ептен добра комбинација…❤

















