Маковњача

Никогаш не излегува од мода старинската штрудла со афион  или како што ја нарекуваат Маковњача….

Овој рецепт ми е најдобар.Вака ја сакам со мнооогу фил од афион. Следен пат ќе пробам со фил од ореви. Ме потсетува  на унгарските Bejgli. Ги јадеме околу новогодишните празници. Ги прават класични со мак и ореви, а модерни се сега и со костени, марципан…

Не пијам многу кафија.Едно, а најмногу две на ден. Наутро кога ќе се разбудам си правам кафе, некако тоа ми е ритуал. Си го сервирам во убава шоља, си седнувам во фотеља и обавезно сакам нешто слатко како прилог со кафето.Тоа ми доаѓа како доручек. На пример парче штрудла со афион.Ја направив од вечерта додека сите спиеа. За сабајле. Сакам убаво кога ќе ми почне денот. Без брзање…❤

Маковњача

Состојки:

Тесто:
  • 250мл. топло млеко
  • ½ коцка квасец
  • 500 гр. брашно
  • 50гр омекнат путер
  • 1 јајце
  • 1 жолчка

 

Фил:
  • 500гр. мелен афион
  • 350мл. топло млеко

Подготовка:

Во топлото млеко се додава шеќерот и квасецот и се остава да стаса. Се додава во брашното, јајцето, жолчката и омекнатиот путер. Тестото се покрива со крпа и се остава 30 минути да стаса. Се дели на 2 или 3 топчиња во зависност колкави штрудли сакате да направите.

Афионот и шеќерот се мешаат. Млекото се загрева до вриење.Со топлото млеко постепено  се прелева афионот. Се филуваат корите. Пред печење ролатите се мачкаат со топло млеко.

Ви се допадна ли рецептот?

Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.

Слични Рецепти

Pin It on Pinterest

Share This