Бадем торта

Ми се случуваше да возам 30 минута, а со гужва во сообраќај и повеќе само да стигнам до IKEA за да ја купам оваа торта од бадем. Замрзната ја продаваат, таман додека се вратам да ми се одмрзне. Многу вкусна, но мала  и скапа. А да не го рачунам возењето…

Ќе ја направам. За се сум таква. Кога ќе наумам јас нешто нема сила да ме запре. Го најдов рецептот, купив се и ја направив за помалку од 30 минути. Препорака моја е да ја направите од вечер да може убаво да се излади и стегне филот, а корите убаво да упијат. А и малку да постои, да ми се види трудот, вака ќе ја снема за пократко време од што ми требаше да ја направам.

Бадем торта

Ingredients:

Тесто

  • 6 egg whites
  • 120 гр.шеќер
  • 180 гр. мелен печен бадем

Фил

  • 6 egg yolks
  • 250мл.слатка павлака
  • 100 гр. шеќер( по потреба)
  • 180 гр.путер
  • 1 vanilla
  • 100 гр.листови од бадеми

Preparation:

Белките се матат во цврст снег убаво со миксер со постепено додавање на шеќерот. Се додаваат мелените бадеми  ( предходно се потпекуваат во рерна 20 мин. со повремено мешање, се ладат и мелат ) и со шпатула рачно се меша смесата со белките нежно на една страна. Тестото се дели на 2 дела и се пече во округла модла со обрач бр.26 предходно обложена со хартија за печење на 170 степени 25 минути во предходно загреана рерна. Тестата се оставаат убаво да се изладат.

Се подготвува филот со матење на жолчките. Се загрева на тивко слатката павлака до зовривање, доколку има шеќер не е потребно да се додава дополнително,се додаваат изматените жолчки со постојано мешање до згуснување на кремот. Се остава убаво да се излади. Се мати путерот предходно омекнат на собна температура, се додава ванила и се заедно се меша со изладената крема. Се тостираат ливчињата ( во суво тавче на умерен оган). Тестата се премачкуваат со кремот и се наросуваат со тостираните ливчиња бадем.

Did you like the recipe?

Follow my Instagram profile for more recipes.

Related Recipes

Crêpes Suzette

Crêpes Suzette

Натопени во фантастичен сос од путер, шеќер, портокал и ликер, овие деликатни палачинки се трансформираат во...

Пита со јаболка

Пита со јаболка

Отвори ФБ само рецепти новогодишни, отвори Инстаграм слики украсени, оди во продавница исто, колачиња,...

Полумесеци

Полумесеци

Полумесеците мора да се послужат во кристалниот тањир на мајка ми!Вкус на орев, путер и чоколадо.Омилени ми...

Pin It on Pinterest

Share This