Pastel de Nata

Летот ќе трае 3 часа и 20 минути. Времето во Лисабон е сончево и 30 степени. Ве молиме врзете ги сугурносните појаси, се очекува полетување … маските се задолжителни додека трае летот. Посадата ви посакува пријатен лет …

Во Лисабон не пропуштајте да го пробате ова чудо. Традиционален португалски специјалитет или како што го нарекуваат Pastel de nata е запечено лиснато тесто полнето со крем од јајца и ванила.

Pastel de Nata

Состојки:

  • 200 мл. вода
  • 150 гр. шеќер
  • стапче цимет
  • Кора од лимон
  • Лиснато тесто
  • 2 јајца
  • 4 жолчки
  • ванилин шеќер
  • 500 мл. млеко
  • 50 гр. густин
  • шеќер во прав

Подготовка:

Водата со шеќерот се варат на тивко, се додава циметот и кората од лимон додека не се добие густ сируп (отприлика 15 минути). Се расукува лиснатото тесто на набрашнета површина во тенка кора и се витка ролат. Се сечат парчиња и секое се притиска и се расукува во круг. Во намастени со путер форми за мафини се ставаат тестата како корпички убаво облажувајќи ги страниците. Се подготвува кремот со рачно матење на јајцата и жолчките, се загрева млекото со ванилата и се додава топлото млеко и густинот и се враќа на рингла со постојано мешање додека не се згусне отприлика 3 минути. Се додава млакиот сируп (циметот и кората од лимон се вадат). Се полнат со крем тестата во дупките за мафини и се потпекуваат во загреана рерна на 200 степени додека не покафеават, отприлика 25 минути. Се ладат и наросуваат со шеќер во прав.

Ви се допадна ли рецептот?

Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.

Слични Рецепти

Pin It on Pinterest

Share This