Focaccia

Ако немаш леб јади Фокача..( на италијански Focaccia)

И за оние што не знаат да месат имам  рецепт. Само за оние што не сакаат, е тука веќе  незнам…па уште медитеранска, со свеж рузмарин, маслинов, морска крупна сол и маслинки…ми замириса на море…

Многу ми фали другарка ми Лела. Одамна не сум ја видела. Скоро цела година. Живее во Милано. Денес се слушнавме по телефон. Си пиевме кафе. Си разговараме за се и сешто, па и рецепти си  разменуваме. Ќе направам денес Focaccia и велам, а она ме прашува за рецепт како ја правам. Кога бев лани во Милано си купив кувар: Брзи и лесни рецепти. И навистина е така…❤

Focaccia

Состојки:

  • 450 гр. брашно
  • 2 лажички шеќер
  • 7гр. сув квасец
  • 2 лажици маслиново масло
  • ½ лажичка сол
  • Свеж рузмарин
  • Маслинки

Подготовка:

Се меша брашното со шеќерот, се додава квасецот. Постепено се додава 400мл.вода.Додека не сте ја ставиле целата вода се додава маслиновото масло и солта. Се додава остатокот од водата.Тестото е ретко. Се остава покриено на топло  да стаса дупло. На плех од рерна се става хартија за печење, се намастува со маслиново масло  и се постила тестото низ целата површина на плехот. Се остава тестото да расте. Со краевите на прстите се прават вдлабнатини во тестото да се направат дупчиња. Во мала чаша се става до половина вода и 2 лажици маслиново масло, се меша и се премачкува тестото преку цела површина. Се посипува со сецкан свеж рузмарин и сецкани маслинки по желба.Се пече на 195 степени отприлика 25 минути.

Ви се допадна ли рецептот?

Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.

Слични Рецепти

Pin It on Pinterest

Share This