Меки и вкусни и наредниот ден.Затоа се по мој вкус. Практични.Како тогаш да сум ги извадила од рерна. И да бидам искрена некако она со класичните кифли не ми оди од рака.Тестото ќе го погодам, тое ми е најлесно, ама виткањето на кифлите никако да го погодам. Едни вакви, други онакви, мали, големи, секакви…а кога ќе ми текне на кифлите од баба ми наредени во плех сите исти како војници…нема мрдање!
Следи ме
Популарни рецепти
Кифли по мој вкус
Состојки:
Тесто
- 600 мл.млеко
- коцка квасец
- 1 лажиче шеќер
- 2 лажичиња сол
- 200 мл.масло маслиново
- 1 кг. просеано брашно
Фил
- 200 гр.путер
- 2 жолчки од јајца
- 1 лажичка сол
Премачкување
- 1 белка
- Сусам
Подготовка:
Во млакото млеко се додава квасецот и шеќерот и се чека да стаса. Во сад за месење се додава стасаниот квасец, солта, маслото и брашното. Се меси тесто рачно или со миксер.По потреба се додава уште брашно.Тестото се покрива и остава да стаса на топло. За филот се мати омекнатиот путер, се додаваат жолчките и на крајот солта.На побрашнета подлога за месење тестото се дели на 3 дела.Секој дел се расукува по должина и се добива правоаголник, се мачка со филот и се витка ролат. Постапката се повторува и со останатите 2 дела од тестото. Со остар нож тестото се сече на тријаголници.Се редат во плех на хартија за печење и мачкаат со матена белка и наросуваат со сусам. Кифлите се оставаат уште 10 минути да стасаат на топло. Се печат во загреана рерна на 200 степени.
Ви се допадна ли рецептот?
Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.
Следи ме
Популарни рецепти
Слични Рецепти

















