Линцер колачиња – Маргаритки

Тестото за Линзер колачија е навистина лесно да се направи. Се замесува тесто од брашно, путер, шеќер и јајца. Многу рецепти сум испробала се додека не го најдов совршениот. Мартин ги обожува.Од него научив дека линзер колаче прелиено со чоколадо се вика Ишлер.Имам разни модли, но оригиналните ми се овие металните, како цветчиња, можеби затоа што ме потсеќаат на Маргаритки. Со мармалад од кајсии ми се највкусни.Во тестото обавезно кора од рендан лимон. И со маст ги правам од Мангалица. Незнам дали сте чуле ама Мангалица е свиња, многу необична, која потсетува  многу на овца поради  густото виткано влакно. Мешавина е од домашна и дива свиња. Месото е многу поздраво од останатите сорти на свињи, има поголем процент на протеини , помалку маст, дупло помалку холестерол. На пазар има посебни продавници со производи само од Мангалица како колбаси, чварки,маст …

Линцер колачиња – Маргаритки

Состојки:

  • 200 гр.путер или маст
  • 500гр.просеано брашно
  • 1 прашак за пециво
  • 1 јајце
  • Ванилин шеќер
  • 5,6 лажици млеко
  • Кора од рендан лимон

Подготовка:

Се замесува тесто од горенаведените состојки, се расукува ½ сантим тенка кора и со модли за линзери се вадат формите.Половина од дозата се мазни за одоздола, додека другата половина се со дупче,за одозгора. Се печат на 180 степени околу 15-20 минути.Горните линзери се наросуваат со прав шеќер и се преклопуваат со подлогата намачкани со мармалад по желба( кајсии, јагоди, малини).

Ви се допадна ли рецептот?

Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.

Слични Рецепти

Pin It on Pinterest

Share This