Овошен колач

…или колач со вишни за мене е безвременски. Од кога паметам за себе дома го правиме. Нема ни сезона. Летно време со свежи, зимно со замрзнати вишни.Сум пробала да го направам и со друго овошје, со кајсии е убав, ама со вишни некако ми е класика. Денес го направив. Ме врати во времето…❤

Овошен колач

Состојки:

  • 5 јајца
  • 150гр шеќер
  • 300гр.брашно
  • 1 кесичка прашак за печење
  • 150мл.масло
  • 200мл.јогурт
  • 1 ванилин шеќер
  • 30гр.гриз
  • 500гр вишни

Подготовка:

Јајцата се матат убаво со шеќерот како за торта. Се додава просеаното брашно, прашакот за печење, јогуртот, маслото и ванилата.Тестото се пече во плех 24×36 предходно обложен со хартија за печење. Се редат вишните, овој пат употребив замрзнати (не е потребно предходно да се одмрзнат, само да се промешаат со гризот. Вишните нежно со прсти се притискаат во тестото. Колачот се пече на 180 степени 30 минути (се проверува со чепкалка). Колачот убаво се лади и се посипува со шеќер во прав.

Ви се допадна ли рецептот?

Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.

Слични Рецепти

Pin It on Pinterest

Share This