Брускети со домати и лук

Италијанскиот тост се нарекува брускета, а нам ни е најпозната онаа која се прави со печено лепче, свежи домати и лук. Идеални се за појадок или за ужина, а може да се приготват и за ненајавени гости, бидејќи се прават многу брзо и лесно. Замислете си кога ќе гризнете, а тоа крцкаво, доматот сочен со мирис на лук и маслинов, па уште мајчина душичка одозгора…а вино бело, изладено…убавина..❤

Брускети со домати и лук

Состојки:

  • Интегрален леб или француски леб Багет
  • Мали cherry доматчиња
  • 2 чешњиња лук
  • Маслиново масло
  • Свежа мајчина душица

Подготовка:

Лебот се сече на тенки парчиња. Се редат во плех на хартија за печење. На маслиново масло се запржуваат доматите со исецкан ситно  лук и се додава свежа мајчина душица. Се посолува. Секое парче леб се премачкува со смесата  и се печат во рерна со помош на горниот греач 20 минути. Брускетите се служат топли.

Ви се допадна ли рецептот?

Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.

Слични Рецепти

Pin It on Pinterest

Share This