Кнедли со Рикота

Унгарците многу јадат урда. Тие ја нарекуваат Túró. Ја користат во солени, но повеќе во слатки рецепти како штрудли, колачи…

Ми се најавија гости… Во Македонија е така, нормално и така треба ( ова е мое мислење, очигледно тоа што ти фали и го посакуваш) да ти дојдат гости од денес за денес. Направив десерт на брзина, а многу вкусен: Кнедли од Изварка или  Рикота или како унгарците го нарекуваат Túró.

Кнедли со Рикота

Состојки:

  • 120гр. гриз
  • 500мл. млеко
  • 3 лажици шеќер
  • 500 гр. изварка или рикота

 

Прелив: 
  • 100гр. растопен путер
  • 200гр.презли
  • Кафеав шеќер

Подготовка:

Гризот се вари во млекото, по желба засладено со шеќер мешајќи  како пудинг додека не се згусне. Се остава да се подизлади. Се додава изварката несолена или рикота. Се заедно се меша со 1 ванила  и се обликуваат кнедли- топчиња( големината е по желба). За преливот путерот  се пржи со презлата се додава 2 лажици кафеав шекер. Кнедлите топчињата се валкаат во презлата и се сервираат прелиени со матена павлака и домашен џем по желба!

Ви се допадна ли рецептот?

Посетете го мојот Инстаграм профил за повеќе рецепти.

Слични Рецепти

Pin It on Pinterest

Share This